Lifestyle

Марина Туцаковиќ прозборе за тешкиот период: „Имам сила и волја, и тоа многу повеќе од кога било досега“

После повеќе од половина година борба со ракот, познатата авторка на многубројни хитови успеа да заздрави и да им се врати на своите работни обврски кои многу ѝ недостигаа.

Текстописецот Марина Туцаковиќ која има 65 години, преброде тежок период во кој се бореше со карцином на дојката и градите, а после неколку месеци пауза, подготвена е да ѝ се врати на својата работа.

Работата и дружењето со колегите од музичката сцена навистина ѝ недостигаа, поради што таа едвај чекала повторно да ги чуе тактовите на мелодиите кои ѝ даваат инспирација за нови хитови. После одреден период, Марина за медиумите ги открива своите чувства.

„Се чувствувам добро, а дали заздравев, тоа ќе го видиме наскоро, кога ќе ги добијам резултатите. Спремна сум за работа, тоа е важно. Ми се чини дека имам сила и волја повеќе од кога било“, вели расположената Марина.

На Марина Туцаковиќ изминатава година и открија малигнен тумор на дојка, по дијагностицирањето таа беше оперирана во Белград, а потоа беше испратена на тримесечна имунотерапија во Германија.

Поддршката ја има од нејзините пријатели и соработници, и за неа најважно е дека не ја изгубила вербата во луѓето.

Иако имала периоди кога се чувствувала тешко и измачено, Марина не се откажувала во ниту еден момент и сето тоа го парвила поради нејзиниот син, кој не би ѝ простил ако се предаде.

Една нејзина пријателка во еден момент открила: И покрај сѐ таа е толку силна што и се восхитувам, таков борец немам сретнато. Храбро се носи со црната судбина, откако ѝпочина синот Милош. Само таа си знае низ каква болка минува веќе девет години. Одамна би се откажала, да не и беше другиот син, кој ѝе сѐна светот. За него живее и се бори, рекла пријателката.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close