Познатата пејачка сподели со обожавателите на социјалните мрежи порака која ја расплака целата јавност
Пејачката Габријела Пејчев се прослави со учеството во најгледаниот музички натпревар во регионот, Пинк ѕвезди, како и во ријалитито „Фарма“, а балканската публика ја засака многу.
Таа редовно настапува и ги полни клубовите каде и да се појави, но постои една работа која многу ја растажува. Имено, деновиве беше роденден на нејзиниот татко кој неодамна го заврши животот, за кого беше многу врзана, а нејзината мајка во една прилика изјави дека Габријела не се одвојувала од неговата болничка постела и дека практично заминал на оној свет додека лежел во нејзините раце.
Пејачката се присети на овој тажен момент:
„Секој твој роденден е и мојот најсреќен ден… И најтажен. Те сакам татко“, напиша Габријела и додаде:
„Недостасуваш, за сé што доаѓа, ми недостигаш.“