Еве што вели нашиот познат метеоролог
„Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ и во следните денови времето во државава ќе биде сончево, стабилно и суво, со мала – а овој викенд повремено и умерена локална облачност. Денес (сабота) има услови за краткотраен слаб локален дожд на планинските места во западните и во северните предели од државава.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
Уживајте во прекрасното стабилно и сончево време со мала облачност и во следните денови а топлото време во текот на денот и тоа како можете да го искористете за плажирање.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!“