Stars

Телефонот на Сузана Манчиќ нападнат од хакери – случајот го пријавила во полиција, но дали ќе има нови фотки како оние на Северина?

Познатата српска водителка и некогашна лото девојка Сузана Манчиќ доживеа голема непријатност, но и покрај проблемот со кој се соочила успеала да остане присебна и да ја извести полицијата.

„Вчера околу полноќ ми беше хакиран телефонот. Доколку имате примено чудни пораки, содржини или линкови, не отворајте, содржат вируси и ќе ве вознемират. Доколку и вие сте мета на хакерски напад пријавете го случајот во полиција, бидејќи јас веќе го направив тоа“, им напиша Сузана на сите свои пријатели со кои е во контакт.

Само да потсетиме, голем број познати личности во регионот беа мета на хакери, како Ацо Пејовиќ, Лепа Брена и многу други. Низ таква непријатна ситуација помина и нашата водителка Лила Филиповска кога неодамна и беше хакиран профилот на Инстаграм на кој има преку 100 илјади обожаватели. И таа тогаш се обрати до надлежните со желба да и помогнат, но и ги предупреди сите да внимаваат и да пријават доколку забележат нешто сомнително.

Инаку, откако беше објавена веста дека и е хакиран телефонот на Сузана, на социјалните мрежи некои во шега напишаа дека се радуваат бидејќи наскоро би можеле да видат нешто ново експлицитно од водителката, додека други се сомневаат дека сама го направила тоа и дека нема да се изненадат ако наскоро протечат фотографии како оние на Северина.

Имено, таа и стана позната кога во медиумите се појавија експлицитни видеа со нејзиниот поранешен сопруг, а неодамна доби дури и понуда од новинари од Украина да направат документарен филм со неа токму поради видеата кои ја направија една од најфаталните жени на Балканот.

Како и да е, хакерските напади во последно време не се ретка појава, па доколку сте жртва на ваков напад, не двоумете се да пријавете во полиција.

Или барем побарајте на Интернет како да се заштитите…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close