News

Никој не им верува на своите очи: Марија Шерифовиќ во венчаница и рече ДА! (Фото)

Пејачката Марија Шерифович на социјалните мрежи постави фотографија со која ги изненади своите следбеници. Имено, таа облече венчаница и сподели како изгледа во неа. „Реков ДА“, напиша пејачката. Дали Марија наскоро ќе стапне на „лудиот камен“, останува времето да покаже.

 

Минатата година Марија откри дека е опседната со тоа да ги држи работите под контрола, при што нема мир ако не се одвива сѐ по планот. Шерифовиќ вели дека нејзината опсесивно-компулзивна болест е во пораст што покажуваат нејзините повреди кои ги здобила пред концертот во Комбанк арената. Пејачката пред камерите ја покажа лузната на својата лева рака која и останала откако исеченицата и зараснала.

Да се потсетиме, Марија Шерифовиќ не ја крие својата сексуална ориентација, а на премиерата на долгоочекуваниот филм „Исповед“, таа призна дека сака жени, но и дека нејзиниот татко е алкохоличар и коцкар, па често била сведок на тоа како до смрт ја претепува нејзината мајка. На самиот крај од филмот Марија ја открила нејзината секауална определба.

Како што вели таа: „Неколку пати сум била со жена и морам да признаам дека е прекрасно тоа што не ве гребе нечија брада“.

Марија е успешна во својата кариера, а уште повеќе се прослави откако во 2007 година во Хелсинки ја донесе првата и единствена победа на Србија на Евросонг. Не верувала дека ќе победи, но како што изјавила во едно интервју, повеќе не би сакала да биде дел од Евровизијата, зашто се заситила, а остава на другите квалитетни вокали да си ја испробат среќата. Таа за себе вели дека е отворена и зборлеста, дека не сака лажливи луѓе и бавни кои не преземаат акција.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close