Зар постои некој кој не го памети овој вистински заводник кој се прослави со неговиот настап на Евровизија во 2004 година?
Иако не воодушеви со пеењето, ја плени публиката со изгледот, па жените му го дадоа прекарот „Аполон на новото време“. Вака го нарекуваат и денес, кога оставаат коментари на неговите фотографии на социјалните мрежи. Велат, воопшто не е остарен, иако е во петтата деценија од животот.
Сакис е пејач, модел, актер, атлет и бизнисмен и е роден на грчкиот остров Крф. Својата музичка кариера ја започнал во 1991 година, а со својот тенор вокал во комбинација со костимите и комплексните кореографии, за миг му ја зголемија славата. Тој е еден од малкуте грчки изведувачи чија музика е популарна ширум светот, а неговиот сингл „Shake It“ е најдобро продаваниот сингл во Грција. Зад себе има многу албуми, концерти и награди како на локално, така и на глобално ниво од типот на MTV Europe Music Award и World Music Award.
Освен што ѝ е посветен на музиката, Сакис неколку години е член на жирито на грчкиот „Х-фактор“. Тој имаше и неколку помали улоги во грчки серии, глумеше во инди-филмови кои ги сними во Холивуд, а имаше и неколку улоги во претстави во Грција. Тој неодамна отвори суши ресторан, кој работи одлично. Гостите, како што велат, доаѓаат и заради добрата храна, ама и со надеж дека ќе го сретнат популарниот пејач. Иако се шпекулираше дека е хомосексуалец, Рувас ги демантираше овие гласини, а веќе е во брак со манекенката Катја Зигулис, а тие се венчаа по цели 14 години врска. Парот заедно има четири деца.
Погледнете како изгледа денес Сакис на неговиот летен одмор. Сигурно многу девојки ширум светот ѝ завидуваат на нејзината сопруга!