Погледнете го ова симпатично видео
Многумина сметаа дека раното почнување со пливање е важно за целосниот психосоцијален развој на детето. Дури и многу стручни лица сметаат дека децата треба да се учат да пливаат додека се стари само неколку месеци.
И тоа очигледно добро го знае и ова руско семејство кое беше забележано во Бар на плажа во Црна Гора. Погледнете го ова симпатично видео.
Најмладиот член од ова семејство има само година дена и четири месеци и веќе знае да нурка и да плива, додека постариот брат има две години и седум месеци, а најстарата сестра четири години и сите знаат да пливаат и да нуркаат уште пред да наполнат една година.
Пливајте и вие и вашите деца
Пливањето посебно е корисно за телото, бидејќи е активна целосната мускулатура, мускулите на телото и екстремитетите, особено на рацете и нозете. Токму затоа и им се препорачува на сите возрасти, од новороденчиња, кога најлесно се плива, се до длабока старост, во зависност од здравствената состојба, индикациите и контраиндикациите. Затоа не заборавајте дека кога пливате, преку лето можете да уживате во вежбањето, и да не се потите, и да го одржувате вашето тело во форма, додека преку зима покрај физичката форма и вашиот имунитет и имунитетот на вашите деца ќе биде на максимум.