Stars

Моника Белучи ги фрли супермоделите во сенка! Потполна доминација на престижната ревија

Карла Бруни, Ева Херцегова и Хелена Кристенсен останаа зад неа

Модната куќа Долче и Габана ја престави својата колекција за пролет/лето 2019 на модната недела во Милано

Меѓу манекенките кои се најдоа на ревијата беше и легендарниот супермодел како Карла Бруни, Ева Херцегова и Хелен Кристенсен, но сите беа засенети од актерката Моника Белучи.

Прекрасната 53 година италијанска филмска дива која својата кариера ја започна како модел и тоа токму во соработка со дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана. Токму заради нив и повремено ќе се врати на модните писти, па така и минатата година се појави на нивната ревија. Овој пат за неа избраа женствен фустан со мини крој со израз и дезен од крупни туфни.

По ревијата убавата Моника замина на прославата на роденденот на Долче за кој се пресоблече во елегантни црни панталони, корсет во иста боја и лежерно кимоно со цветен дезен.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close