News

Италијанка со спектакуларен настап на песната „Зајди, зајди“ го освои бронзениот медел на Светското првенство во ритмичка гимнастика!

Натпреварувачка во ритмичка гимнастика од Италија, Александра Агургукелезе на Светското првенство се закити со бронзен медал.

Светското првенство се одржа во соседна Бугарија, а Александра ја освои публиката и наиде на многу позитивни коментари особено во македонската јавност поради песната со која што успеа да го освои бронзениот медал.

Имено, симпатичната Италијанка која има потекло од Романија настапи со песна која што е инспирирана од македонскиот евергрин „Зајди, зајди“, а со одличниот перформанс направи голем пресврт и од осмото место успеа да го освои бронзениот медал.

17-годишната натпреварувачка ја импресионираше публиката проследена со легендарната македонска песна и на крај постигна резултат од 19,900. Пред неа се пласираа две Русинки, Дина Аверина (20.300) и Александра Солдатова (20.200).

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close