Stars

„Не се плашам од пораѓањето, но нестрплива сум да станам мама и малку збунета“ – Гога Секулиќ искрено за својата бременост!

Пејачката изглед беспрекорно

Пејачката Гога Секулиќ ужива во бременоста и веќе прави планови што ќе се случува во иднина, кога ќе стане мајка. Според нејзините обожаватели и коментарите на социјалните мрежи таа никогаш не изгледала подобро, а и останаа уште само месец и половина додека да се породи.

Откако е во врска со Урош Домановиќ, мајстор по боречки вештини за кого се омажи неодамна, познатата фолк ѕвезда живее на релација Белград – Цирих. Неодамна одлучи и постојаната адреса да и биде во Швајцарија, а во оваа земја одлучи и да го роди своето дете.

„Ми остана уште месец и половина и искрено да кажам, одвај чекам да го видам синот. За името се уште размислувам, можеби ќе има две“, изјави пејачката, а пренесе српскиот Glossy.

По неа може да се забележи дека бременоста ја поминува одлично, едноставно блеска од секој агол, но може да се забележи и дека е нестрплива. Впрочем како и секоја мајка кога ќе дојде во овој период.

„Не се плашам, само малку сум збунета бидејќи не знам што ме чека точно, но кога можеа да се породат нашите мајки, баби и сите жени на овој свет, можам и јас“ вели пејачката шегувајќи се на своја сметка.

Пред да се породи потполно го промени имиџот

Инаку, Гoга неодамна ги шокираше сите со својот нов изглед со кој предизвика лавина од позитивни коментари и лајкови на социјалните мрежи. Имено, таа непосредно пред да се породи одлучи потполно да го промени својот имиџ. На фотографијата што ја објави на Инстаграм носи црна, потполно проѕирна облека и е со долга руса коса.

Секулиќ во ова издание своите обожаватели ги потсетува на најпознатата ријалити ѕвезда на светот, Ким Кардашијан, која е позната по своето ексцентрично и провокативно облекување.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close