Lifestyle

Како се играа децата порано? Зошто игрите како џамлии, ластик, клин-плочка, Партизани и Германци повеќе ги нема низ нашите улици и маала?

Џамлии, ластик, миждупка, Партизани и Германци – сето ова се игри што ја одбележаа нашата младост

Денес децата во Македонија растат со компјутери и Фејсбук, и многу ретко се надвор од својот дом, во своето маало или на некое игралиште, а нивниот начин на игра многу се разликува од оној на нивните врсници од пред дваесет или триесет години.

Порано сите деца беа надвор, со мајките комуницираа преку балконите на терасите, додека денес, наместо џамлии од родителите бараат телефон или таблет.

Но како децата се играа порано? Каде исчезнаа нивните весели игри? Зошто времето се промени потполно и дали денешните деца се играат подобро или ни не знаат што е тоа вистинска игра?

Ова се прашања поради кои секој родител треба добро да се замисли и да се обиде што повеќе своите деца да ги внесе во светот на вистинските игри. Токму затоа денес и ќе ве потсетиме на некои од нив кои што ја одбележаа втората половина на 20 век низ македонските дворови, улици, школските игралишта и сите останати места на кои децата го минуваа своето детство.

Џамлии, ластик, миждупка, клин-плочка, Партизани и Германци, Пипни-стој, Чик – ова се само еден мал дел од сите оние прекрасни игри кои го одбележаа и разубавија нашето детство, но кои за жал полека умираат .

Погледнете како тоа изгледаше некогаш:

Дали се сеќавате на вашите омилени игри што ги игравте со другарчињата во детството? Кои беа тие?

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close