Орце Камчев во интервју за Фактор зборуваше за референдумот и проблемот што го имаме со Грција. Според него, Македонија досега немала подобра шанса, ниту пак похрабар лидер од премиерот Заев.
„Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија. Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…“ вели познатиот бизнисмен во неговото интервју.
Покрај проблемот со договорот за промена на името, Камчев зборуваше и за останатите проблеми што ги има нашата земја. Тој меѓу другото зборуваше и за проблемите во нашето здравство, односно за државните болници во кои изгледаат како да сте влегле во Индија.
„Ние збориме и се фалиме дека сме исчистиле ѓубре , наместо да зборуваме за опрерациони сали. Во Бугарија веќе нема приватни и државни болници . Болниците се јавни , капиталот е приватен или државен , сосема различно. Не може кој каде му текне да отвори болница. Здравствениот фонд по истите цени ги покрива услугите и во јавното и во приватното здравство. Генерално се стандардизирани работите, а кој сака да се оперира кај одреден професор, во сабота или недела, самиот си доплаќа. Поставени се правилата на игра“ вели Камчев во интервјуто за порталот Фактор.
Извор: фактор