Lifestyle

Иако не го познава, Бојан е спремен да го продаде ресторанот и да остане без работа, само малиот Душан да замине на операција

Ова детенце ја обедини цела Србија

Малиот Душан Тодоровиќ од Свилајница ја обедини цела Србија. Луѓе од сите страни се јавуваа за да помогнат, но и навивачи кои ги нудеа своите билети за лига на шампиони за да соберат пари за неговото лекување. Сепак еден хуман гест се издвои од сите – младич од Панчево беше спремен да го продаде ресторанот, само да му помогне на непознатото детенце.

„Драги мои, многу размислував и одлучив кога го видов мојот најубав син како убаво спие… ако знаете некој кој сака да купи разработен ресторан испратете го кај мене! Од парите ќе ги платам сметките што ги имам, а останатото оди за малиот Душан. Мислам дека тоа ќе биде доволно за лекување… Има работа, јас ќе работам нешто друго, само да сме живи и здрави“ – напиша Бојан Станисављевиќ на својот профил на Фејсбук под фотографијата со малиот Душан.

Оваа порака предизвика бура од позитивни реакции на социјалните мрежи, а во интервју за српскиот Телеграф Бојан потврди дека не го познава семејството Тодоровиќ и малиот Душан и дека за нивната борба дознал преку медиумите.

„Не ги познаван но имам срце и син од 3.5 години. За жал и ние собиравме пари вака, бидејќи мојот брат имаше сообраќајка на Малта, па ни беа потребни 25 илјади евра. И тогаш сакав да ја продадам работата, но луѓето помогнаа па не морав. Сега дојде време тоа да се вати“, изјави тој за Телеграф.

Малиот Душан во болницата во Барселона

 

Од ресторанот живее тој и неговото семејство, но тој не се плаши да го продаде

„Не се плашам, Оној горе сé гледа. А и здрав сум и прав, и навикнат да работа, така што ќе се снајдам ако успеам да помогнам“ вели тој.

Фото: Телеграф.рс

Инаку, малиот Душан Тодоровиќ кој успеа да ги обедини дури и вечните ривали, навивачите на Ѕвезда и Партизан, за да соберат помош, замина во Барселона. Тој боледува до рак на надбубрежната жлезда.

Дуки, како што го викаат, веќе еднаш е опериран, го помина циклусот на хемотерапија, но во јули 2018 болеста се врати. За да замине во Барселона беа потребни 191 312 евра кои со помош на граѓаните успеаја да ги соберат, па дури и повеќе. Неговото семејство кое е заедно со него во болницата во барселона каде се во тек подготовките за операција, преостанатите пари ќе ги подели на сметки на пет други дечиња што чекаат за помош.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close