Stars

Крадел од нив дома, но таа сѐ уште го сака: Гоца Тржан проговори за пријателот кој ја ограбил

Гоца Тржан беше ограбена од близок пријател, но не споменува за кој станува збор.

Таа сега отворено прозбори за човекот кој толку се зближил со неа и многу го засакала, но потоа длабоко ја разочарал со својата постапка.„Сигурно сте читале за познатиот „Фантом од операта“, човекот што ги крадел актерите и пријателите во театарот. Е, па јас бев еден од пријателите кои исто така беа украдени“ – призна Гоца, а потоа продолжи:

„Во оваа прилика го поздравувам и се надевам дека му тргна во живот и дека ја научил лекција, бидејќи без тоа не би имало сето ова смисла“

“Сѐ уште го сакам, без разлика што тој не предаде и кардеше од нас дома. Крајно тешко да се поднесе фактот дека ве предал некој, кој е постојано со вас и кој го гледате како член на семејството“, вели Гоца, на која ѝ е навистина тешко што е изневерена од некој близок пријател.

Поп-пејачката Гоца Тржан (44) и нејзиниот 14 години помлад сопруг, тапанарот Раша Новаковиќ, неодамна ја прославија третата годишница од бракот.

Во тој контекст познатата пејачка откри некои детали, односно малерски случки кои им се случиле. „Нашата венчавка беше мошне интересна. Од настапот претходниот ден се вративме во седум наутро и имавме само неколку часа да се одмориме. Кога, така уморни и ненаспани, посакавме да се истушираме, сфативме дека немаме вода во станот, па моравме да се средуваме во хотелот каде што требаше да се венчаме.

Врв на се’ беше кога Радомир констатира дека заборавил да ги земе бурмите, па мораше да се врати дома по нив“, вели таа.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close