Stars

Се појавија стари фотографии на Наташа Беквалац од пред 20 и повеќе години – погледнете го нејзиниот настап на Макфест од 1998

Пејачката ги воодушеви своите обожаватели на Инстаграм со фотографија која е постара 20 и повеќе години.

Наташа Беквалац објави фотографија на која има само 17 години, а нејзините обожаватели се воодушевени од нејзиниот изглед.

Наташа првиот свој албум го објави во 2001 година, и од тогаш постојано е на самиот врв на балканската музика сцена. Нејзините обожаватели кои со години ја следат оставија пофални зборови под фотографијата, а имаше и такви кои на оваа фотографија ја споредуваат со Памела Андерсон.

Само да потсетиме, Наташа во моментов поминува низ тежок период од животот откако се раздели од својот сопруг со кого има мало бебенце.

Таа беше нападната од него и поради тоа завршија на суд, а во моментот единствена утеха и бебето како и ќерката Хана од претходниот брак, нејзината сестра Кристина и музиката без која не може да живее.

A еве и како таа изгледаше на нејзиниот настап на Макфест во далечната 1998 година, кога имаше само 18 години.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close