Погледнете го ова жешко издание на познатата актерка
Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ која многумина ја памтат по нејзината улога на Виолета Попадиќ во хит серијата „Подобар живот“ често изненадува со провокативни фотографии. Нејзе не и е проблем да покаже малку повеќе кожа и покрај тоа што е во шестата деценија од животот.
На нејзиното тело и завидуваат припадничките на истиот пол, а Лидија Вукичевиќ овој пат отиде и еден чекор подалеку. Имено, таа се соблече во мошне провокативен костим за капење и гордо ги истакна своите облини, додека на една фотографија ја гледаме како прави стој на рацете.
Познатата актерка очигледно е во одлична форма, па под фотографијата следуваа бурни коментари што воопшто не е невообичаено за жена како неа.
Таа изгледа мошне провокативно и денес, впрочем како и пред дваесетина и повеќе години кога играше во познатите југословенски серии и филмови. Дека тоа е така можеме да го видиме и од фотографиите што денес ги објавува на Инстаграм, а некои од нив погледнете во продолжение.