Таа е една од најубавите жени на светот
„Следно на што се сеќавам е болката помеѓу моите нозе и по нозете. Беше на мене. Го прашав што прави, ми рече дека ќе боли кратко“, вели убавата Падма.
Актерката Падма Лакшим ја раскажа својата потресна приказна за New York TImes за силувањето кое го доживеала, а на тешкиот чекор се одлучила откако кандидатот на Доналд Трамп за Врховен суд, Брет Каванауга, две жени го обвинија за силување. Кога и се случила оваа траума, Падма имала само 16 години, а виновен бил дечкото со кого тогаш била во врска. Таа почнала да излегува со момчето кое го запознала во трговски центар, каде што работела после училиште. Тој работел во соседниот бутик, со машка облека, а бил шармантен и згоден студент кој тогаш имал 23 години.
„Кога излегувавме ќе го паркираше автомобилот, ќе седнеше на креветот и ќе зборуваше со мајка ми.
Никогаш не ме носеше доцна дома. Бевме интимни, но знаеше дека сум девица и дека не сум сигурна кога ќе бидат спремна за секс“, откри актерката која често се наоѓа на листите меѓу најубавите жени на светот.
Таа додаде дека момчето ја силувал за дочек на Нова година и дека само неколку месеци откако почнале да се дружат.
„Не бев пијана таа вечер. Ниту пак бев двосмислено облечена. Носев долг црн фустан со долги црни ракави кој ги откриваше само рамениците“, вели таа со намера да укаже дека со ништо не давала знаци дека сака да има секс, па дури ни со облеката.
По журката заминале во неговиот стан. Таа била изморена и заспала, а кога се разбудила тој бил врз неа и чувствувала силна болка.
„Те молам, не го прави тоа“, врескала на сиот глас. Ја болело многу, а бидејќи тој не сопирал, почнала да плаче. Кога тој завршил, само и кажал:
„Мислев дека помалку ќе те боли ако спиеш“ и ја однел дома.
Но таа за тоа не кажала никому. Ниту на полицијата, ниту на семејството, ни на пријателите. Мислела дека возрасните ќе ја обвинуваат неа бидејќи толку доцна била во неговиот стан и затоа што воопшто излегувала со некој што е толку постар од неа. Но откако Брет ќе биде обвинет за сексуален напад од уште две жени, таа реши да зборува јавно.
Една од жртвите раскажа дека ја силувал во средно училиште, додека друга вели дека тоа се случило кога и двајцата биле на факултет. Трамп изјави дека жените одамна би поднеле полициски пријави ако тоа навистина се случило, а Падма сакаше да покаже дека никогаш не е лесно да се пријави силување.
Таа вели дека ги разбира жените зошто тајната ја чувале со години, без да и кажат на полицијата. Таа со годни го правела истото, а како седумгодишно девојче доживеала и роднина на нејзиниот татко да ја допира меѓу нозете, и неговата рака да ја става на својот полов орган во ерекција
„Кога тоа им го кажав на родителите ме испратија на две години во Индија да живеам со бабата и дедото. Порака беше – ако кажеш, ќе те исфрлат“ – вели Падма која има ќерка Кришна (8) од која не крие што и се случило.