News

Белград од 1 јануари целосно ќе забрани употреба на најлонски кесиња – Македонија и по цели 10 години од законот и ригорозните казни, сé уште се гуши во нив

Кесите што трговците ќе можат да ги користат ќе бидат хартиени, со надоместок или без, но можат на купувачите да им обезбедат и торби за купување, повторно со надоместок или без него.

Користењето на пластичните кесиња ќе биде забрането во Белград од 1 јануари 2020 година, одлучија во собранието на градот. Според оваа одлука трговците се должни да ги ИСФРЛАТ од употреба пластичните кесиња на местата на продажба, во сите малопродажни објекти, како и во услужните и другите дејности на територијата на градот, заради спречување, односно намалување на создавање на комуналниот отпад и поради нивната штетност за животната средина. Кесите што трговците ќе можат да ги користат ќе бидат хартиени, со надоместок или без, но можат на купувачите да им обезбедат и торби за купување, повторно со надоместок или без него.

За да се намали загадувањето, односно за да се намали на најмала можна мерка, неопходно е да се забрани користење кесиња и да се воведе друго, еколошки поприфатливи решение. Како се наведува во образложението на пластичните кеси им е потребно околу 500 години за да се разградат. Тие најчесто завршуваат на дивите депонии, ги има насекаде по зелените и другите површини низ градот, а значително ги загадуваат и реките

Каква е ситуацијата кај нас

Во Македонија беше донесен закон за забрана на употреба на најлонски кеси на 1 јануари 2009 година но и покрај очекувањата овој закон не допринесе за поголема чистота и заштита на животната средина. Со законот беше забрането во продавниците, деловните простории и пазарите каде се врши трговија на мачо на производи за храна и ситни производи како што се козметика, цигари, канцелариски материјали и слично, да не се даваат пластични кесиња за транспорт на купената стока. Исклучок од оваа забрана се пластичните ќесиња од над 5 килограми кои потрошувачите ги плаќаат од свој џеб. За трговците кои нема да ја почитуваат забраната и понатаму на потрошувачите бесплатно ќе им даваат најлончиња, предвидени се казни во висина и до 6 илјади евра.

Но следната година ќе направиме 10 години како помина овој закон кој не донесе никаков резултат. Македонија се гуши во најлонски кесиња кои трговците ги даваат речиси во секоја продавница, а единствено што е променето е тоа што откако се донесе законот кесите се наплаќаат.

Но некои маркети ни ова не го почитуваат.

Што мислите за овој проблем?

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close