Еntertainment

Ветеринар ја откри најтажната работа што ја прават животните пред да умрат

Сите што некогаш чувале куче многу добро знаат колку е тешко кога ќе дојде време за разделба поради смртта, а доколку мораат да го успијат, тогаш ситуацијата станува уште потешка.

Повеќето луѓе затоа избегнуваат да останат со своите животни откако ќе им дадат смртоносни инјекции бидејќи едноставно не можат да ги гледаат додека умираат, но откако ќе го прочитате овој текст можеби ќе размислите да останете покрај вашето милениче ако дојде до најлошото.

Имено, на една корисничка на Твитер нејзиниот ветеринар и објасни зошто најтешко му паѓа кога мора да успие некое животно.

„Ми кажа дека во 90 % од случаите луѓето ја напуштаат просторијата кога на нивните миленици ќе им ја даде инјекцијата за ’успивање’ и дека кутрите животни последните моменти од својот живот го минуваат исплашено барајќи каде е нивниот сопственик“, вели таа.

Нејзината објава преку ноќ стана вирална и ја споделија неколку десетици илјади корисници на Твитер, а многумина опишаа и како се чувствуваа кога се опростиле од своите миленици.

Twitter

 

„Врескаше секогаш кога некој ќе му се доближеше па се погрижив да биде среќен во моите прегратки“, напиша една корисничка.

„Сите мои три сина, жена ми и јас седевме со нашиот Лука во дневната соба. Тоа беше мојот најтежок ден“, напиша друг.

Twitter

„Моето семејство мораше да го успие нашиот миленик. Бев покрај него кога дојде времето, и иако тоа ми го скрши срцето, драго ми е што бев таму. Милениците се како семејство и заслужуваат утеха во последните моменти“, се сложи трета и заедно со коментарот објави и фотографија на Твитер.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close