Stars

Таа е најубавата принцеза на светот – ја споредуваат со Јасмин од Дизни, а би можела да ги тргне од модниот трон Меган Маркл и Кејт Мидлтон

Принцезата Амира бин Ајдан бин Најеф Ал Тавел е една од најмоќните жени во Саудиска Арабија.

Таа има 34 години и веќе е популарна во целиот свет. За нејзината убавина се зборува на сите континенти, а многумина ја споредуваат со јунакињата од Дизни, принцезата Јасмин. Таа е филантроп и меѓународна модна икона, а покрај тоа ја претставува и Ал- Валед бин Талал фондацијата и е член на меѓународната организација за вработување на младите

Таа е вистинска инспирација на дизајнерите кои се натпреваруваат за да соработуваат со неа. Има преубава, бујна црна коса и речиси совршени црти на нејзиното лице кои ги оставаат без здив сите што ја сакаат модата. Го отфрла традиционалниот стил на облекување и модата ја прилагодува на својот стил, па многу познати светски медиуми за неа пишуваат дека би можела да ги тргне од тронот и модните икона Меган Маркл и Кејт Мидлтон .

Исто како војвотката од Кембриџ, и принцезата Амира многу често носи шешири, а многумина тврдат дека со својот шарм, елеганција и беспрекорна линија не само што може да застане рамо до рамо со Кејт, туку може и да ја надмине со својата убавина. Имено според многумина таа е најубавата принцеза и нема жена на кој било светски двор која може да се мери со нејзината убавина.

       

Жените и завидуваат

Но, познато е и дека жените во нејзината родена земја се обесправени и носат затворена облека. Амира не се согласува со тоа и одлучила да го отфрли традиционалниот начин на облекување кој важи во Саудиска Арабија и да се облекува како холивудска дива. Исто така, таа работи на тоа да го подобри и унапреди изгледот на саудиските жени во светот. Заради тие свои ставови, таа не е омилена помеѓу мажите во муслиманскиот свет.

Вистина е дека другите принцези од нејзината земја се спротивставуваат на нејзиниот стил и, како што самите велат, на непримерното облекување, но нам нејзиниот стил ни се допаѓа. Во Саудиска Арабија владее строг шеријатски закон. Судејќи според фотографиите на Интернет, изгледа дека законот да важи само за одредени слоеви од населението, но не и за кралското семејство.

Саудиската принцеза навистина изгледа префинето и доста модерно и не постои ниту еден моден експерт кој може да ѝ пронајде грешка на нејзините модни комбинации. Сигурни сме дека жените ширум светот наскоро ќе започнат да ги „крадат“ нејзините идеи кога станува збор за облекувањето и изгледот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close