Третиот брак беше несреќа, но четврт никогаш нема да се случи.
„Не јас сега воопшто не размислувам за тоа, немам никаков план, ни желба“, изјави Наташа на прашањето поврзано со љубовта.
По три пропадната брака Наташа Беквалац донесе одлука повеќе никогаш да не го каже своето судбоносно „да“. Таа иако не бега од љубовта, вели дека сега воопшто не размислува за тоа, дека нема никаков план, но ни желба, ниту пак сонува за такво нешто. „Мајка сум на две девојчиња кои сама ги воспитувам и одгледува, а во музиката сум професионалец. Околу тие две улоги навистина имам многу работа. Верувам дека Бог има интересни планови за мојата иднина и спремна сум за тоа“, вели Наташа на тема поврзана со љубовта.
„Но она што е сигурно тоа е дека јас никогаш повеќе нема да бидам ничија жена, официјално“, вели Беквалац.
Како што вели таа, од тешкиот период низ кој поминала откако во семејниот стан беше претепана од се уште законитиот маж, Лука Лазукиќ, најмногу се извлекла со помош на своите две ќерки Хана и Катја.
„Не се сеќавам точно на датумот, но памтам едно утро дека сфатив дека среќата е ствар на одлука, па одлучив да бидам среќна. Немав ни време ни луксуз да се затвара. Ги погледнав моите две деца и сфатив дека немам време за тага и самосожалување“, изјави таа за „Стори“.