Познатата пејачка Ана Николиќ решена е да го врати стариот изглед и тоа само неколку месеци откако се породи.
Таа за време на бременоста и откако се породи значително се поправи, па поради тоа беше на мета на медиумите целото време. Многумина и замеруваа поради нејзиниот вишок килограми, истакнувајќи дека не е нормално олку да се поправи и да не личи на себе.
Откако се породи ретко ја гледавме во јавност, но пејачката во неколку пригоди истакна дека работи максимално да се реши од вишокот килограми и дека редовно тренира за да биде повторно во форма.
Тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Имено, таа неодамна објави фотографија на која се гледа како тренира, но и дека очигледно е ослабната и дека повторно потсетува на онаа старата Ана од пред пораѓањето каква сите ја знаеме.
Па браво за упорноста на оваа дама.