News

Девојката на Кристијано Роналдо сред скандалот со силувањето ја објави ОВАА фотографија

Свршеничката на Кристијано Роналдо точно знае кога и како треба

Случајот со наводното силување кое се случило во еден хотел во Лас Вегас во 2009, а во која во главна улога се Кристијано Роналдо се уште е централна тема во спортските емисии ширум светот.

И додека Роналдо се обидува со своите објави на Инстаграм да ја задржи присебноста и да покаже лежерност кон „лажните информации“, неговата свршеничка прави нешто поинаку. Имено, Георгина Родригез веќе изјави дека станува збор за будалештина, а сега на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со децата, близнаците Ева и Матеј, како и ќерката Алана.

Со нив секој ден е прекрасен напиша Георгина порачувајќи индиректно дека Роналдо е мирен и семеен човек.

Инаку, светот деновиве не престанува да се интересира за скандалот поради кој Кристијано може да заглави долги години на робија. Имено, хостеса во еден хотел во Лас Вегас, Кетрин Мајогра, во 2009 година имала кратка афера со него, а откако завршиле во хотелската соба, наводно ја силувал без презервативи и потоа морал да и плати преку 300 илјади долари за да ја замолчи..

Таа деновиве јавно објави што и се случило и полицијата во Лас Вегас повторно го покрена целиот случај, а според законот за силување во Невада предвидени се казни и доживотен затвор.

И додека доказите за ова дело се собираат, Роналдо порача дека многу луѓе преку неговото име сакаат да се прослават, и дека се тоа лажни вести.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close