Lifestyle

Тие заедно го победија ракот – овие четири ангелчиња се сретнаа повторно во болницата и ја направија оваа фотографија

Четири девојчиња кои задно се бореа против рак во Детската болница Џонс Хопкинс на Флорида повторно се сретнаа на почетокот на септември, а нивната средба беше забележана на неодоливи фотографии.

МекКинли, Клои, Ава и Лорен се храбри девојчиња кои успеаја да извојуваат победа над ракот и денес среќни и насмеани да го живеат своето безгрижно детство. Тие се запознале во детската болница Џонс Хопкинс во Флорида каде сите се лекувале од различни форми на рак. На Клои ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, што е многу ретка дијагноза кај децата, додека на Ава на двегодишна возраст ѝ била откриена акутна лимфоцитна леукемија.

Овие четири ангелчиња денес имаат по 4 и 5 години. Нивната прва заедничка фотографија им била направена во 2016 година кога сите примале терапија и се обидувале да ја „згазат“ страшната болест.

„Сите беа на активна терапија првиот пат кога го направивме ова. Неверојатно е да се види колку далеку стигнаа, од тоа што беа ќелави мали бебенца“, изјавила една од мајките на девојчињата.

Родителите на децата планираат да се сретнат и следната година во септември, месецот посветен на ширењето на свеста за рак кај децата, како би направиле нови фотографии и би го следеле закрепнувањето на децата.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close