Неверојатна трансформација
Пејачката и ТВ водителка Бесјана Касами попозната како Биг Мама изгуби преку 40 килограми и сега слободно можеме да ја викаме секси мама. Таа вели дека сега откако го изгубила вишокот килограми се чувствува многу подобро отколку прано, а успеала да ослабне откако стави бајбас на желудникот. Во прашање е хируршки зафат со кој се стеснува желудникот и кој е хит во светот, а Биг Мама со помош на него успеа да ослабне до непрепознатливост.
„Не се работи за никаква диета или пак вежбање до исцрпеност. Напротив, не држев диета ниту еден ден во изминатата година, јадев се што сакам, но во помали количини“ изјави таа минатата година за Фокус.
Инаку, Биг Мама е позната и како двојничка на Боки 13. Имено и порано и сега ја споредуваат со познатиот шоумен, а направија и заедничка песна „Холивуд“ во соработка со Ферус Мустаф со која сакаа да настапат на Евровизија.
Но песната не успеа да стане наш претставник за песна на Евровизија, а Боки 13 и Биг Мама продолжија со своите кариери.
Боки и Биг Мама порано
Денес пак, повторно имаат една заедничка работа, а тоа е дека и двајцата имаат ослабнато и сега изгелдаат потполно поинаку.
Биг Мама сега
Боки 13 сега
Па, големо БРАВО и за двајцата!
Фото: Инстаграм, Фејсбук, приватна архива