Момчето, кое беше прогонето од своето семејство поради „вештерство“ и спасено од хуманитарката Ања Рингрен Ловен, тргна на училиште. Таа пред недна година, на неговиот прв училиштен ден, ја пресоздаде виралната фотографија на која му дава вода на прегладнетото детенце. Но, за разлика од оригиналната фотографија, на новата Хоуп е среќно 3-годишно момче со здрава тежина.
„На 30 јануари 2016 година, тргнав на мисија… На спасувачка мисија која стана вирална. Денес, навршува точно една година откако светот го запозна малото момченце наречено Хоуп. Оваа недела Хоуп ќе тргне на училиште“ – напиша Ловен на Facebook минатата година.
Таа напиша дека на Хоут пред неколку месеци му ставиле апарат за слушање и дека сега кога го носи реагира на некои звуци околу себе. Може да се заврти кога ќе го викнат, па дури и од голема оддалеченост.
„Но се уште се потребни години за да може добро да слуша, што е приодно. Тој е многу интелигентен и е еден од најдобрите ученици во одделението, а сега е во рацете на професионалци“, напиша Ања на Фејсбук.
Таа објави и неколку фотографии со Хоуп.