Stars

Погледнете во каков рај на земјата ужива Карлеуша со семејството (и тоа во најминијатурните бикини со кои ги шокираше сите!)

Јелена знае како да го искористи своето слободно време и да избере дестинација за овој период од годината

Имено, Јелена Карлеуша овие денови објави неколку слики на социјалните мрежи од Малдивите. Таа таму си ги полни батериите со своето семејство, сопругот Душко и ќерките Тина и Ника.

Од нејзините фотографии можеме да видиме дека си поминуваат одлично и дека уживаат во убавините на ова волшебно место. Бел песок, тиркизно море, велосипеди, палми, зеленило и сонце.

И твоите најблиски и најмили…

Карлеуша заедно со своите ќеркички се возеа со велосипед по Малдивите и го запознаваа ова прекрасно место, а потоа продолжи сама да се вози облечена во издание во кое нејзините облини беа во преден план.

View this post on Instagram

😍

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Преубавите фотографии и видеа ќе ве остават без здив.

Во прашање е едно од најубавите места на светот, со поглед кој не може да ве остави рамнодушен, а Карлеуша направи мала пауза со коктелче Мохито и максимално уживаше во моментот додека нејзините ќеркички уживаат на лулашки во морето, а Душко се шета на плажата.

Можеме само да замислиме како им е кога ќе се разбудат наутро и ќе ги отворат очите на едно вакво волшебно место.

И кога ќе решат да се избањаат …

Со пераи, маска и најминијатурните бикини на светот!

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close