News

Тенисерка ги шокираше сите – дали на теренот се појави без гаќички, па дури и го подигна здолништето за да покаже дека е гола? (видео)

Се појави на теренот и ја запали публиката!

Младата италијанска тенисерка Камила Џорџи (26) со своето атрактивно издание секогаш ги привлекува вниманието на публиката, но овој пат сите се едногласни дека ги преминала границите.

Имено, тенисерката се проби до полуфиналето во Токио каде изгуби од Наоми Осака. Но светот не зборува за победата на Наоми туку за Камили за која се зборува дека наводно на теренот се појавила без долна облека и тоа го покажала пред сите.

„Неверојатно! Дали таа се фали со тоа што не носи гаќички“ – се прашуваат на социјалните мрежи оние кои го гледаа натпреварот, со фокусот посебно на кадрите во кои во главна улога е нејзиниот задник.

Ова не и е прв пат на Камила да го предизвика вниманието со провокативни комбинации, но сега и порачуваат дека претерала

Инаку, неодамна и Серена доживеа напади поради својот провокативен изглед на терените. Претседателот на тенискиот сојуз на Франција, Бернард Гидисели изјави дека носењето „храбри комбинации“ на терените на Ролан Гарос повеќе нема да биде дозволено и да се толерира, а тоа индиректно се однесуваше за Серена Вилијамс која не терените се појави во облека инспирирана од костумот „жена мачка“ кој го носеше како што самата изјави подоцна, поради проблемите по породувањето. Потоа се појави во „туту“ здолниште и повторно предизвика скандал, но досега олку далеку не отишла никогаш.

Во меѓувреме внимателните набљудувачи заклучија дека Камила сепак носи гаќички, но фактот дека избрала недолична облека се уште стои. Од друга страна не ја критикуваат сите, туку има и такви кои се воодушевени од нејзините облини, но резултатот речиси никој и да не го забележа.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close