Според одредени истражувања, овој чај може да ви помогне при решавање на бројни здравствени проблеми. Тука главна состојка е куркумата, а покрај неа се додаваат и други состојки, при што заедно имате еден корисен напиток за кој нема да зажалите. Куркумата има важна улога во детоксикацијата, а исто така и позитивен ефект во случаи на деменција или рак.
Во продолжение научете како да го направите овој чај кој може да ви помогне да се решите дури од 50 здравствени проблеми.
Куркумата се користела уште пред 2.000 години во ајурведската медицина. Тогаш било откриено нејзиното тераписко дејство врз низа патолошки состојби како што се заболувањето на кожата, белите дробови и органите за варење.
Потребни состојки:
- 1/6 лажички куркума
- половина лажичка мелен цимет
- половина чаша млеко
- малку мед
- половина лажичка рендан ѓумбир
Начин на подготовка:
Измешајте ги овие состојки и потоа посипете 500 мл вода врз нив. Додека мешате, можете да додадете малку топло млеко. Интензивните научни проучувања се спроведени во последните 50 години, од кога е дојдено до заклучок дека куркумата може да замени точно 14 апчиња за лечење различни болки.
Благодетите на куркумата
Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна. Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморот. Потврдено е дека е одличен природен чистач на белите дробови и го спречува настанувањето на меланом. Поволно и благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања. Исто така куркумата ја подобрува работата на тироидната жлезда, го нормализира менструалниот циклус, ја намалува кашлицата, помага при намалувањето на килограмите, го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето.