Дали сте знаеле дека активистката Моника Ристеска Конопова е првенец на генерацијата на правен факултет? И дека ова што го прави е за доброто за сите, но очигледно со лошо и се враќа?!
Новинарот Борјан Јовановски на својот Фејсбук профил најави дека денес пред Основното јавно обвинителство ќе протестира поради 30 дневниот притвор на активистката за легализација на марихуаната, Моника Ристеска. Тој ги повика да му се придружат сите што ја поддржуваат легализација и декриминализацијата на марихуаната за рекреативна употреба.
„Драги пријатели, сите кои консумирате канабис ве повикувам утре на пладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето кои уживаат канабис е недопустлив во ова време кога цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци Слобода за слободољубци. Правда за @monikakonopova“, напиша тој.
Инаку, откако беше уапсена, од притворот се огласи и активистката Моника Ристевска на која и беше одреден по претрес во нејзиниот дом.
„Не ме барајте, во притвор сум 30 дена“, напиша таа на својот фејсбук профил.
За денеска е најавен протест пред Основното јавно обвинителство по повод нејзиното приведување.
Протестот го организира здружението Билка, а поддржувачите најавуваат дека ќе протестираат со џоинт. Целта е да се подигне јавната свест за бенефитот од конзумирањето на билката канабис.
За целиот настан се огласи и Димитар Апасиев од Левица. Еве што напиша тој на неговиот профил на Фејсбук:
Братучедот на Премиерот нека прави милионски бизниси од канабис, а обичниот народ кој се лечи од карцином со уљето од коноп – ќе скапува по вашите ебени притвори!
#КакоСтеТргналeНеОдитеУштеДолго
BTW Девојчево беше првенец на генерација на Правен!!!