Еntertainment

Стефан Чернетиќ, лажниот принц на Македонија и Црна Гора, покрај премиерот Зоран Заев ја има одликувано и Памела Андерсон

Принцот од Црна Гора, Македонија и Србија, се сретна со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Стефан Чернетиќ кој се претставува како принц од Црна Гора и Македонија, објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук. На фотографиите може да го видиме Чернетиќ како го одликува Заев во просториите на Владата на Република Македонија.

Инаку, за Стефан Чернетиќ беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Тој и неговата сопруга по професија се новинари, но наводно се претставуваат како членови на кралско семејство за да се стекнат со финансиска корист.

Досега има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close