Оваа есен направете нешто повкусно од ајвар и малиџано.
СОСТОЈКИ:
1 л. доматно пире
2 кг. пиперки
500 гр. кромид
500 гр. морков
100 гр. сол
100 гр. шеќер
100 мл. јаболков оцет
2 лажици магдонос
1 ловоров лист
1 конзерванс
100 мл. масло
6 чешни лук
ПОДГОТОВКА:
Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови и се меле лукот.
По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер.
Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.
Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша.
Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете 5 големи тегли и една мала.
Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.
Во продолжение за сите домаќинки ви претставуваме и рецепт за одлични цепкани пиперки во тегла, царица на зимниците
Направете вкусни цепкани пиперки во тегла за зимата.
Ви требаат 5 килограми пиперки, 5 лажици оцет, 1 лажица морска сол, 1 главица кромид, 100 милилитри масло.
Пиперките се печат на плотна, се лупат и чистат, се цепкаат и се ставаат да се цедат на решетка околу час.
Се става масло во шерпа, па кога ќе се загрее пиперките со сол. Се пржат околу еден час, па се додава оцет, ситно сечен кромид, па се става се во тегли и се затвараат.
Се оставаат 90 минути на 90 степени во рерна.