Српскиот актер Ненад Јездиќ неодамна освои уште една академска награда, а како што изјави за медиумите нема намера да се врати да живее во град.
„Јас сум некој што беше мангуп, но сега сум во некој друг модус, ако можам така да се изразам! Голема е разликата помеѓу сељак и селанец, тоа се вредни луѓе бре! Така и јас како и тие правиме ракија и домашно овошје“, вели актерот. На прашањето пак, дали од секогаш бил против ријалити шоута и дали добил понуда да учествува во едно такво, тој вели:
„Никогаш немам добиено понуда за нешто такво. Тоа не е мое ниво. Ако имаш мозок исклучи го телевизорот и не гледај ријалити“.