Stars

Цеца во својата биографија открива: Ова е мојата ЖИВОТНА ВИСТИНА!

Цеца неретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што и самата вели, има причина. Она шо е убаво кај неа делувало уште поблескаво, а она што е болно, е многу повеќе отколку што се чини дека просечна жена би можела да поднесе. Во текот на сите овие години, една од најпопуларните пејачки на нашите простори, зад себе оставила денови кои никој не го оставаат рамнодушен.

Таа е родена во 1973 година, од мајка учителка, а татко трговец. „Велат дека мојот татко штом сум се родила заплакал и рекол – Се роди пејачка! Кога прв пат сум прозборела, родителите сум ги викала по име“, се присетува Цеца.

„Многу строго сме воспитувани: Точно се знаело што е за девојки, а што е за момчиња. Се сеќавам, лето, долг ден, се излегува дури во десет навечер, иако сѐ завршува на полноќ, а мајка ми на мене и на сестра ми ни вели: Може да излезете во девет, и кога ќе помислим дека сте таму, веќе да бидете овде. Ако не ви се допаѓа тоа, мене ми е уште подобро, останете дома“, се присеќава Цеца.

Во едно интервју, пак, Цеца открива: Не сакам за нешто што е интимно да се зборува и пишува. Доволно е јас да сум задоволна со својот живот, а тоа значи дека сум го организирала онака како што ми одговара. Се омажив од голема љубов и од таа љубов се родија две деца. Не велам дека по трагичниот прекин на тој брак, па досега, сум била сама. Имаше врски и авантури, но не размислував за тоа некоја од нив да заврши со брак.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close