Пејачката Александра Пријовиќ сега Живојиновиќ, го одржа својот последен концерт пред да замине на боледување.
Концертот помина одлично впрочем како и секогаш, а Александра блескаше во сребрен фустан со кој ги воодушеви сите на нејзинито настап во Швајцарија. Под фистанот се наѕираше нејзиниот труднилки стомак, а многумина коментираа дека Александра е поубава од кога било досега.
Пејачката накратко се повлекува од сцената, како би ја одржувала бременста, а на сцената се враќа откако ќе се породи.
Таа и Филип неодамна се вратија од нивното патување во Јамајка, од каде пејачката редовно објавуваше фотографии на кои е во костими за капење и на кои нејзиното тело се уште изгледаше топ.
Нејзините обожаватели беа воодушевени кога се прошири веста дека пејачката е бремена, а таа на почетокот не се огласуваше во медиумите по тој повод се додека на Инстаграм не ја сподели среќната вест дека чека машко дете.
Александра неодамна со помош на најсовремен тест „Veracity“ во една приватна клиника дозна од кој пол ќе биде детето.