Една од најплатените манекенки на светот, Жизел Бундхен, прв пат прозборе за тоа како ѝ се срушил светот кога дознала дека нејзиниот некогашен сопруг, Том Брејди, очекува дете со бившата девојка.
Брејди и Жизел денес имаат среќен брак и две деца, но на почетокот на нивната љубов, работите не биле толку идеални. Спортистот Том Брејди бил во врска со Бриџет Мојнахан во периодот од 2004 до 2006 година.
„После два месеци врска со Том, дознав дека очекува дете со бившата девојка. Веќе утредента сите медиуми пишуваа за тоа. Тогаш ми се обрна целиот свет“, напишала манекенката во својата книга „Lessons: My Path To A Meaningful Life“. Бриџет останала бремена кон крајот на ноември или почетокот на декември 2006 година, а Жизел го запознала Брејди на состанок на слебо, токму во декември истата година.
Покрај сѐ, манекенката не го напуштила Том во тоа време, затоа што како што вели, тогаш му била потребна најголема љубов и поддршка.
Денес синот на Том, Џек, од претходната врска, има 11 години и често е дел од нивното семејство, што може да се види и на нивните приватни фотографии кои ги споделуваат. Жизел вели дека раѓањето на Џек ја инспирирало побрзо да заснова свое семејство и да го збогати со нови членови. Парот денес го има осумгодишниот син Бенџамин и петгодишната ќерка Вивиен.
Жизел Бундхен и нејзиниот сопруг Том Брејди секоја година заработуваат милиони и милиони долари, па кога станува збор за градењето на семеен дом, парот го прескокнува штедењето и уживаат во луксузот. Најплатениот модел на светот и успешниот спортист изградија огромна куќа во Брентвуд, Лос Анџелес, која чини 20 милиони долари.