Пејачката Јелена Карлеуша реши да оди на одмор со семејството на Малдивите
Таа ја избра егзотичната дестинација од каде редовно објавува фотографии и видеа. Таа на Малдивите е заедно со сопругот Душко и двете ќерки Ника и Атина, а во каков луксуз уживаат зборува и тоа што во хотелот имаат огромен џакузи кој им го покажа на обожавателите на Инстаграм.
Но она што привлече најмногу внимание е неверојатно провокативното издание на познатата пејачка кога се соблече во минијатурни бикини. Имено таа најпрво позираше во максимално провокативен костим за капење во розова боја, а потоа и во црна поради кои доби само пофални коментари од нејзините верни обожаватели и бројни лајкови под секоја од фотографиите.
И како и обично во преден план е нејзиниот голем задник и совршената линија, а еден обожавател и предложи дури и брак.
„Да не си мажена би ти предложил брак“, пишува вo коментарите под следнава фотографија.