Актерката Линдзи Лохан преживеа вистинска драма во Москва, а целиот настан го снимаше со камера
Имено, познатата актерка објави видео на кое се гледа како е нападната од една жена облечена во муслиманска облека.
Таа видеото го започна така што на обожавателите им објасни дека случајно видела семејство со двајца синови на кое му е потрена помош. Но кога им се приближила и се претставила, наместо да и се заблагодарат, тие воопшто не биле воодушевени од нејзиното присуство.
Таа ги обвини дека сакаат да ги продадат своите синови и почна со нив да се расправа на арапски и англиски.
– Ја уништувате арапската култура, викаше таа на сиот глас и продолжи да ги следи се додека жената не ја удри и турна на земјата.
– Само сакав да ги спасам момчињата – вели заплакана Линдзи видно возбудена и потресена од целиот настан.