Познатата албанска пејачка Аделина Тахири неодамна се оствари како мајка
Таа пред месец дена го роди своето прво дете, синот Џон, кој го доби заедно со нејзиниот сопруг, познатиот скопски адвокат Серјожа Марков. Тие непосредно пред нејзиното породување направија интересен едиторијал кој го објавија на социјалните мрежи и предизвикаа воодушевување кај публиката, а познатата пејачка и со ова провокативно издание ги изненади фановите.
Имено, таа објави видео на кое носи црн проѕирен фустан, а многумина се воодушевени од нејзиниот изглед и тоа на неполни три недели откако се породи. Во прашање е црн, проѕирен фустан со кој максимално ги истакна облините и своето убаво тело и го претстави во полн сјај.
Од фотографиите можеме да видиме дека таа веднаш ја врати својата линија, а за тоа најмногу се заслужни нејзините постојани прошетки, како и физичката активност што ја имаше и пред бременоста.