News

Ни стигаат екстремно ниски температури какви светот не памти: Сателитот на НАСА измери шокантни податоци – ќе се смрзнуваме!

Сонцето влегува во еден од своите минимуми во космичката ера

Сончеви дамки немаше воопшто во претходните месеци во 2018, а ултравиолетовото зрачење нагло опадна. Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека во следниот период треба да очекуваме големи студови.

Воочлив е трендот на заладување, вели Мартин Млинчак од истражувачкиот центар Ленгли во НАСА. Тој додава дека високо над површината на Земјата, близу работ со вселената, нашата атмосфера ја губи топлотната енергија. Ако ваквите трендови продолжат, горниот слој од атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, најстудени во космичката ере (или откако почнаа космичките истражувања) вели Мартин.

Овие податоци ги откри инструментот Сајбер на сателитот на НАСА „Тајмд“ кој ги следи емисиите ја CO2 и NO, две супстанци што играат клучна улога во енергетскиот биланс на воздухот, што се однесува на височини од 100 до 300 километри над површината на нашата земја.

Термосферата секогаш се лади за време на Сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кој 11 годишниот Сончев циклус влијае на нашата планета, објаснува Млинчак. Ако овој циклус поврзан со сончевите дамки се ближи кон крајот, термосферата е блиску до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека тоа може да се случи за неколку месеци.

Според неговите студии кои тој ги прикажува и графички, состојбата на термосферата варира зависно од Сончевиот циклус, а варијациите можат да се опишат со помош на пет многу едноставни изрази: „многу студено“, „студено“, „неутрално“, „топло“ и „многу топло“.

Следува периодот на „многу студено“.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close