Нова војна на социјалните мрежи
Бојан Јовановски во јавноста попознат како Боки 13 на неговиот профил на социјалните мрежи сподели невообичаено писмо упатено до новинарот Зоран Божиновски. Еве што напиша тој:
„Ова е за тебе Зоран Божиновски, читај! Слушај ме битанго ракетарска, досега молчев, а сега ќе ти го расплачам мамицето мамино психопатско!!! Досега многумина ме советуваа да молчам, да не ти придавам значење, да не реагирам на твоите грозни измислени лаги срочени во некакви текстови и постови на твојот ФБ профил, ми велеа дека си обична будала и рекетар и ги слушав досега (и навистина си обична будалетинка и навистина си осудуван рекетар) но доста беше!!! “
„Сега очаен тажен и мрачен човеку, осуден криминалцу нема да ти молчам, напротив повеќе нема да ти дозволам да ја отвориш таа мала змиска уста која шири омраза, лаги и неосновани обвиненија и квалификации. Знам дека се храниш со ова мрачен и тажен човеку, знам дека ова тебе те возбудува повеќе од било каков сексуален чин, знам дека ти пружам огромно задоволство и ти давам голема важност, но ако сега со ќеиф ти давам важност (инстант важност)“
Боки понатаму во текстот што го сподели на социјалните мрежи му даде машки предлог да се пресметаат и тоа пред камерите.
„Ќе имаме модератор и ќе се аргументираме пред целата македонска јавност, јавно, јасно и гласно на која сакаш тема!“ вели тој во своето обраќање кое цело можете да го прочитате на крајот од овој текст.
Инаку, ова обраќање следуваше откако новинарот Зоран Божиновски на социјалните мрежи напиша дека Боки има 13 блокади на две банкарски сметки и правосилни пресуди за измама, а би можел да биде фронтменот на СДСМ на следната кампања на кои и да било претстојни избори.
Божиновски го прифати предлогот за дуел.
Во продолжение прочитајте го целиот текст на Боки, но и експресниот одговор на новинарот Божиновски.