Во светот постојат добри луѓе, на кои со добро им се враќа. Истото ѝ се случило и на Ингеборг која на едно мало бебе му пружила подобар живот. Таа им помогнала на многу момчиња и девојчиња, но никој не се истакнувал како Џордан. Од првиот момент кога го видела, знаела дека сака да го посвои и од таа своја желба не се откажала.
По 20 години, на Игеборг ѝ била дијагностицирана тешка болест на бубрезите и доколку сакала да преживее и бил потребен нов бубрег. Кога Џордан ја слушнал таа вест, знаел дека мора нешто да направи за да помогне.
Откако се тестирал и дознал дека одговара како донор, без размислување се согласил да и подари бубрег на жената која го одгледала.На крај сè поминало најдобро, и двајцата брзо заздравиле. Уште еден доказ дека доброто се враќа со добро.