Мајкл Дамески има дваесет и две години и живее во Австралија.
Тој се прослави со неговото учество во познатото американско шоу „World of Dance 2018“ откако успеа да влезе во самото финале. Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески кој е на само чекор да го освои првото место со своите настапи ја воодушеви и познатата светска пејачка Џенифер Лопез која е дел од жирито
Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец кој живеел во Австралија, синоќа стигна до финалето во познатото американско шоу „World of Dance 2018“. Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, и овој пат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.
Мајкл Дамески е роден на 7-ми ноември 1995 година во Сиднеј од родители Македонци, татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места.
Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.