Тамара Горо, сопругата на Езекиел Гарај играч на фудбалскиот тим Валенсија, позираше како од мајка родена и фотографијата ја објави на својот Инстаграм профил.
„Гола сум затоа што сакам. Гола сум затоа што не повредувам никого. Гола сум затоа што сум слободна”, порача Тамара, а фотографијата ја прокоментира и поранешниот стопер на Реал Мадрид.
Езекиел на шега напиша дека не знаел оти дома има такво богатство. Тој со Тамара се венча во 2012 година и имаат две деца, а Тамара на Инстаграм ја следат над 1,1 милиони корисници, па нејзината фотографија за многу ркатко рвеме стана вирална и сорба стотици илјади лајкови.
Инаку, атрактивната сопруга на Езекиел Гареј во 2011 беше добитничка на „Розовата топка“ во изборот на каталонскиот дневник „Спорт“.Лео Меси ја освој Златната топка за најдобар фудбалер, а титулата за најубава WAG (жена или девојка на некој познат фудбалер) тогаш ја доби Горо.
Организатор на овој избор е каталонскиот весник „Спорт“. Победничката се бира на база на бројот на гласови од читателите на „Спорт“, кои овојпат се појавиле во бројка од 32.000 луѓе. Тамара тогаш освои 27 проценти од гласовите, пред девојката на Давид Де Геа, пеачката Едурн (17% гласови) и поанешната вереничка на Кристијано Роналдо, Ирина Шаек (13%).
Покрај тамара во минатото победнички на овој избор биле Џесика Сирио (2008), Лусијана Салазар (2009) и Заира Нара (2010).