Хороскоп

Во недела се празнува ОВОЈ празник – родителите што имаат женски деца МОРААТ да направат една важна работа!

Во недела се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во време на царот Адријан кој наредил нивно мачење, а потоа и смртна казна. Тие проповедале христијанство и уште како деца биле обвинети поради тоа. По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа врлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган. Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Однесувањето на св. Софија сведочи за мерата на љубовта што ја имала за нејзините деца, кои не се сопственост на нивните родители, туку живи и умни дарови Божји за родителите, кои пак се соработници Божји во делото на создавањето. Вистинската љубов е несебична и бара ништо за возврат, таа не очекува реципрочност. Нашите деца ги љубиме зашто Го љубиме Бога Кој ни ги дарувал, а тие вистински нѐ љубат нас ако сме ги научиле да Го љубат Бога.

Поради самата љубов не треба да ја нарушуваме слободата на нашите деца, ниту пак може да речеме дека постои вистинска слобода без љубов. Љубов без слобода е диктатура, а слобода без љубов е анархија. Она што ги допира срцата на децата повеќе од нашите зборови се нашите молитви за нив, и примерот што им го даваме. Децата кои во своите семејства искусиле вистинска слобода и несебична љубов имаат научено да љубат и сесрдно да се даваат на другите. Обратното се случува со децата лишени од љубов и слобода. Тие стануваат авторитативни, реакционерни, несоцијални, затворени во себе, агресивни и сомничави. Почитувањето на слободата на другиот се учи од самиот Бог, Кој го дарувал човекот со слободна волја и го почитува она што секој од нас го прави со неа.

Православното воспитување помага човекот да ги надмине животните проблеми или потешкотии, без да направи или да дозволи душата да биде потиштена, што неретко доведува до немили ситуации. Многу родители, за жал, „ги лечат“ нивните потиснати емоции преку нивните деца. Сето она што тие не успеале да направат или да бидат во животот, сакаат да го направат или да станат нивните деца, и на секој начин се обидуваат да ги присилат на ова, на тој начин нарушувајќи ја основата на слободата и демократијата. Демократија или диктатура, тоа е начин на живот и однесување во секојдневието. Светата Софија била демократ во секоја смисла на зборот. Таа вдахнувала храброст и давала дозвола без да се наметнува.

Таа знаела дека нејзините ќерки Му припаѓаат на Бога и Нему Му ги принела. Љубовта кон Него ја надминала мајчинската болка. Таа верувала во вечниот живот и живеела со надеж за вечно блаженство. Била разделена од нив времено, за повторно да се соедини со нив во Царството Божјо. Пошла на нивниот гроб и Го молела Бога да ѝ го земе животот за да биде блиску до нив. Таа била убедена дека нејзините деца се живи и дека ќе ги сретне, дека повторно ќе ги види.

Вера, Љубов и Надеж биле достојни чеда на нивната славна мајка. Тие биле воспитувани со чесното млеко на верата, надежта и љубовта кон Бога, поради што успеале да ја сфатат целта на животот, а тоа е – да се биде заедно со Христа во Царството Божјо, каде животот никаде не престанува.

Сите кои имаат женски деца, треба да го направат ова

Православната црква и верниците на овој ден ги слават светите маченички Вера, Нада, Љубов и нивната мајка Софија јои биле христијански светителки и маченички од 2 век. Тие преставуваат вистински врлини на кои почитува целото христијанство и западниот културен систем.

Овој празник им е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дек девојчињата треба да ги израдувате на овој ден со некој поклон, па колку и да е скромен истиот.

Поклонот може да биде и суштински и не мора да биде материјален – барем на овој ден посветете им го вашето внимание и покажете им колку ги сакате.

Протопрезвитер Георгиј Папаварнава

Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close