Мајка која долго време се борела со рак на дојката, си замина од овој свет само неколку дена откако се венчаше и се породи.
Трејси Керс (33) од Хартпул мораше да оди на предвремено породување бидејќи и се врати ракот на дојката. Сепак, породувањето го израдува и нејзиниот сопруг Стивен (35) бидејќи таа се плашеше најмногу од тоа дека нема никогаш да може да си ја види ќеркичката. Но како што наведуваат странските медиуми, обој пар има син кој е стар седум години, а се венчаа само неколку дена непосредно пред таа да ги „напушти“. Нејзините последни моменти беа додека закрепнуваше од породувањето, на градите на својот сопруг.
Трејси стана позната кога го започна блогот преку кој ги охрабруваше другите мајки кои се бореа со малиген тумор на дојките.
Но, некои од нејзините постови беа срцепарателни.
„Ми беше кажано дека ќе се породам под општа анестезија, како и дека постои шанса дека нема да преживеам породувањето. Дали постои нешто полошо од тоа? Ми беше тешко да го гледам Стивен, како ова можеше да ни се случи нам? Ние сме добри луѓе, живееме нормално и се радуваме на едноставни работи. Бевме толку среќни кога дознавме дека ни доаѓа уште еден член во семејството, а сега дознавам дека можеби никогаш нема да го запознаат, како и тоа дека и таа можеби нема да успее да се извлече“, пишува таа.
Таа и Стивен се венчаа во болницата Џемс Кук во Мидлзборо каде што таа се лечеше, и така ја крунисаа својата љубов која траеше десет години, додека нивното познанство датираше уште од основно училиште. И како што Стивен изјави, таа го „напуштила“ лежејќи на неговите гради.
„Седев на креветот и ја држев во прегратки додека нејзината глава беше на моите гради. Замина мирно“, изјави тој.
Повеќе нејзини текстови прочитајте на нејзиниот блог.