News

Игор Јанушев со порака за референдумот на Фејсбук: Кражба на народната волја нема да помине

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини власта дека на денешниот референдум се полнеле кутии во Општина Сарај.

„Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните. Постојат сериозни индиции за полнење на гласачки кутии во Општина Сарај, поточно во Ласкарци и во Радуша. Има драстично зголемена излезеност до 15 часот, дури поголема во текот на целиот изборен ден споредено со минатите избори во 2017-та година“, напиша Јанушев на Фејсбук.

Кражбата на народната волја нема да помине, додаде тој.

Инаку, од ВМРО претходно ја обвинија владејачката СДСМ дека нивни членови телефонски им се јавуваат на граѓаните и ги потсетуваат да одат на гласање. Тие објавија и видео снимка на која се слуша како еден женски глас се јавува на граѓанин и му вели дека се јавува од генералниот штаб на СДСМ за да ги потсети да одат на гласање, по што машкиот глас прашува зошто да оди на гласање кога не добил ништо од партијата.

По ова следуваше соопштение од СДСМ во кое се вели дека во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни бидејќи се повеќе нивни членови излегуваат на референдумот, па почнале да прават лажни вести.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close