Овие девојки нема никого да остават рамнодушен
Ана и Јана Стојановски се сестри. Тие и двете се актерки и важат за едни од најубавите девојки на театарските штици. Но тоа не можеме да го видиме само од нивните улоги во претставите и филмовите, туку и од социјалните мрежи каде редовно објавуваат интересни фотографии.
Јана на нејзиниот профил на Инстаграм редовно ги известува своите пријатели и обожаватели за она што и се случува, а ова лето објавија и неколку фотографии од заедничкиот одмор со нејзината сестра. Тие се мошне блиски и често патуваат заедно, па денес случајно налетавме на фотографиите на кои позираат во костими за капење, а во преден план е нивното атрактивно тело.
Инаку, Ана и Јана одат по стапките на своите познати родители. Тие се ќерки на познатиот актер Ненад Стојановски кој почина пред 20 и повеќе години и актерката Силвија Стојановска.
Постарата сестра, Јана, беше Мис на Македонија и денес работи во Драмскиот театар во Скопје, додека помалата Ана која сега е во МНТ, порано беше во врска со прерано починатиот пејач Влатко Илиевски.
Погледнете ги и другите фотографии со Јана …
Фото: Инстаграм