Понекогаш некои желби стануваат реалност…
Приказната со малото девојче, кое страда од сериозна болест на срцето, и која доби прекрасна „свадбена“ фотосесија со момчето со кое сакало да стапи во брак кога ќе порасне го заобиколи светот.
Во прашање е малата Софија Чијапалон која кога ѝ кажала на својата мајка дека сака да се омажи за нејзиниот симпатија Ханетер, со кого заедно оди во забавиште, грижливата мајка добила прекрасна идеја. Заедно со мајката на момчето, ангажирале фотографка за да им ја подарат „свадбената“ фотосесија од соништата.
Малата Софија со широка насмевка позираше во својата „мини“ венчаница. Тие изгледаа неодоливо додека си разменуваа слатки бакнежи на образите.
Петгодишната Софија е родена со срцева болест и досега има поминато три операции на отворено срце, а во текот на целиот живот, нејзе постојано ќе ѝ бидат потребни хируршки интервенции.
„Се насолзив додека ја гледав како се облекуваше. Бев преплашена повторно, бидејќи ова може да биде единствен пат што ќе ја видам во невестински фустан“ – изјавила нејзината мајка.