Stars

Емина избра милионер, а Мустафа колешка – што се случува со поранешните сопружници?

Познатиот турски пејач Мустафа Сандал по разводот со Емина Јаховиќ почна да се гледа со нова девојка, а многумина се изненадени што повторно во прашање е пејачка. И тоа поприлично позната во Турција.

Имено, откако медиумите со денови брујат за врската на Емина со турскиот милионер Садетин Саран, очигледно ни Мустафа не седеше со скрстени раце кога е во прашање неговиот љубовен живот.

Тој на својот Инстаграм сподели видео од поп пејачката Симга Сагин заедно со еден неочекуван коментар. Имено, тој ги напиша и зборовите од нејзината песна: „Гладен, помудар, јас доаѓам“, а покрај нив додаде и срце, што многумина го протолкуваа како потврда за нивната романса.

Веста веднаш ги преплави турските медиуми кои наведуваат дека помеѓу овие две музички ѕвезди не постои само пријателски однос, туку дека Мустафа на овој начин покажал дека дефинитивно се заедно.

Тие објавија и дека Сигме неодоливо потсетува на Емина Јаховиќ и дека не чуди што токму таа го освоила срцето на Сандал.

Пејачот се уште не одговорил на овие наводи и натписи, а како ќе се развива нивниот однос, и што ќе одговори Емина кога ќе дознае за нивната врска, ќе покаже времето

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close